Ahmet Gençtürk
12 Јуни 2025•Ажурирај: 18 Јуни 2025
АТИНА (АА) - Заменик-претседателот на српскиот Парламент денес повика на итно запирање на извозот на оружје од земјата во Израел, јавува Анадолу.
Един Џерлек пред Парламентот изјави дека израелската Армија „врши геноцид врз палестинскиот народ во Газа, на еден од најбруталните начини што ги памети современиот свет - со безмилосно изгладнување и убивање невини цивили, претежно жени и деца“, објави новинската агенција „Фонет“.
Тој изјави дека неговата Партија за правда и помирување подготвува нацрт-резолуција за суспендирање на извозот на оружје и воена опрема од Србија во Израел, која ќе биде доставена до Парламентот „што е можно поскоро“.
Џерлек рече дека ги разбира можните загрижености на домашната одбранбена индустрија, но тврди дека ова прашање ги надминува политиката и националните интереси.
„Пред сè“, рече тој, „тоа е морално прашање.“