свет

Во Ирска со нож избодени пет лица, од кои три деца

Три машки деца се меѓу петте повредени во инцидентот при напад со нож, кој се случи пред училиште во Ист Парнел Сквер во Даблин

Zuhal Demirci  | 24.11.2023 - Обновена : 24.11.2023
Во Ирска со нож избодени пет лица, од кои три деца

ДАБЛИН / ЛОНДОН (АА) - Најмалку пет лица, од кои три деца, се повредени при напад со нож, кој се случи пред училиште во центарот на Даблин, главниот град на Ирска, пренесува Анадолу.

Три машки деца се меѓу петте повредени во нападот пред училиштето во Ист Парнел Сквер во Даблин, објави Скајњуз.

Ирската полиција соопшти дека пред едно училиште се случил „сериозен инцидент“ во кој се вклучени повеќе машки деца.

Во соопштението се наведува дека пет лица, од кои три машки деца, маж и жена, се пренесени во болница на подрачјето на Даблин.

Едно од децата и жената имаат потешки повреди, а другите две деца и мажот се полесно повредени.

Полицијата започна истрага во врска со инцидентот.

Ирската државна телевизија РТЕ објави дека веројатно повредите настанале од прободување со нож.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın