свет

Во израелските затвори со Ковид-19 заразени 265 палестински затвореници

Израелскиот министер за јавна безбедност, Амир Охан, на 27 декември даде упатства до релевантите институции да не им даваат вакцини против Ковид-19 на палестинските затвореници во израелските затвори

Mustafa Deveci   | 20.01.2021
Во израелските затвори со Ковид-19 заразени 265 палестински затвореници

ЕРУСАЛИМ (АА) - Бројот на палестински затвореници заразени со коронавирусот во израелските затвори се искачи на 265, јавува Anadolu Agency (AA).

Од Палестинското здружение на затвореници е соопштено дека коронавирусот е потврден кај уште 15 палестински затвореници во затворот „Римон“, во јужниот дел на Израел.

Во соопштението се наведува дека вкупниот број на заразени палестински затвореници во израелските затвори е зголемен на 265.

Израелскиот министер за јавна безбедност, Амир Охан, на 27 декември издал упатства до релевантите институции да не им даваат вакцини против Ковид-19 на палестинските затвореници во израелските затвори.

Оваа одлука наиде на остра реакција од властите на Палестина и меѓународните заедници.

Според официјалните палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат 4.400 палестински затвореници.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın