свет

Во напад близу населба на Западниот Брег убиен илегален израелски доселеник, тројца повредени

Израелската национална служба за брза помош (МДА) соопшти дека еден Израелец е смртно избоден во близина на населбата Гуш Ецион, јужно од Источен Ерусалим, во јужниот дел на Западниот Брег

Betül Yılmaz  | 18.11.2025 - Обновена : 18.11.2025
Во напад близу населба на Западниот Брег убиен илегален израелски доселеник, тројца повредени

ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Еден илегален израелски доселеник е убиен, а тројца се повредени денес во напад во близина на населба на окупираниот Западен Брег, соопштија медицински лица, пренесува Анадолу.

Израелската национална служба за брза помош (МДА) соопшти дека еден Израелец е смртно избоден во близина на населбата Гуш Ецион, јужно од Источен Ерусалим, во јужниот дел на Западниот Брег.

МДА соопшти дека други тројца доселеници се полесно повредени во нападот.

Израелскиот јавен сервис КАН соопшти дека напаѓачите вооружени со ножеви со својот автомобил се втурнале во пешаци во близина на населбата, при што еден излегол и ги избол доселениците.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.