Во експлозија во западен Авганистан загинаа осум лица
Смртоносната експлозија се случила во куќа во округот Балаблок во покраината Фарах, изјави денес портпаролот на покраинската Влада, Абдулмалик Осама

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку осум лица, сите членови на исто семејство, се убиени во експлозија вчера во западен Авганистан, објави локалната агенција „Аријана њуз“, пренесува Анадолу.
Смртоносната експлозија се случила во куќа во округот Балаблок во покраината Фарах, изјави денес портпаролот на покраинската Влада, Абдулмалик Осама, додавајќи дека меѓу жртвите се брачен пар и нивните шест деца.
Надлежните ги испитуваат причините за експлозијата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.