Најмалку 3 загинати, 70 повредени во експлозија на цистерна за гас во Мексико Сити
Експлозијата предизвика голема штета во околното подрачје, од каде што екипите за итни случаи брзаа да ги пренесат повредените во блиските болници

СКОПЈЕ (АА) - Најмалку три лица загинаа, а над 70 се повредени во силна експлозија на цистерна за гас во Мексико Сити, соопштија властите, јавува Анадолу.
Експлозијата предизвика голема штета во околното подрачје, од каде што екипите за итни случаи брзаа да ги пренесат повредените во блиските болници.
Пожарникарите работеа на гаснење на пожарот и обезбедување на местото, додека службените лица започнаа истрага за причината за експлозијата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.