свет

Во бомбашки напад врз владино возило во Северозападен Пакистан загинаа четири лица

Терористичките напади во Баџаур, една од седумте племенски области што граничат со Авганистан, се зголемија последните месеци

Islam Uddin  | 02.07.2025 - Обновена : 03.07.2025
Во бомбашки напад врз владино возило во Северозападен Пакистан загинаа четири лица

ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку четири лица загинаа, а 11 се повредени откако врз владино возило е извршен бомбашки напад покрај патот во северозападната покраина Хајбер Пахтунхва, изјави официјален претставник, јавува Анадолу.

Службеното возило на помошникот комесар Фајсал Исмаил беше цел на импровизирана експлозивна направа во близина на областа Навагаи во племенскиот округ Баџаур, изјави телефонски за Анадолу полициски службеник од округот, кој побара да остане анонимен.

Тој додаде дека Исмаил, заедно со уште еден службено лице и двајца припадници на обезбедувањето, загинале на самото место, а 11 лица се повредени.

Терористичките напади во Баџаур, една од седумте племенски области што граничат со Авганистан, се зголемија последните месеци.

Ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот, но за претходните напади во оваа област најчесто одговорност презема Техрик-е-Талибан Пакистан (TTP).

Пакистанскиот претседател Асиф Зардари го осуди нападот, повторувајќи ја решеноста на Владата за искоренување на тероризмот. Преку соопштение тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и им посака брзо оздравување на повредените.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.