свет

Во Аргентина се одржаа демонстрации со барање за зголемување на социјалните бенефиции

- Илјадници луѓе демонстрираа во Аргентина барајќи зголемени социјални бенефиции и вработување

Muhammed Emin Canik  | 13.05.2022 - Обновена : 17.05.2022
Во Аргентина се одржаа демонстрации со барање за зголемување на социјалните бенефиции Фото: Архива / АА

БУЕНОС АИРЕС (АА) - Илјадници луѓе демонстрираа во Аргентина барајќи зголемени социјални бенефиции и вработување, пренесува Агенција Анадолија (АА).

По повикот на општествените и политичките организации, илјадници луѓе се собраа пред претседателската зграда Каса Росада во главниот град Буенос Аирес.

Демонстрантите, кои стигнаа од различни региони на 10 мај, го пополнија симболичниот мајски плоштад пред Каса Росада и улиците околу него.

Демонстрациите беа наречени „Федерален марш“.

Водачите на групите кои учествуваат на демонстрациите одржаа говор на бината поставена пред претседателската зграда.

Демонстрантите нагласија дека не го прифаќаат владиниот договор за отплата на долгот со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и усогласувањето со политиките на ММФ.

Сообраќајот во главниот град беше прекинат поради демонстрациите.

Групите наречени „piquetero“, што на македонски значи „демонстранти“, кои се појавија во Аргентина во деведесеттите, често организираат протести во земјата барајќи социјална помош.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.