Водителка на Би-Би-Си го прекинала разговорот со телефонска соговорничка по коментарот „соучесници во геноцидот во Газа“
- Телефонската соговорничка која рече „Би-Би-Си и Владата на Велика Британија се соучесници во палестинскиот геноц–“, беше прекинат од водителката на радиоемисијата пред да може да го заврши зборот „геноцид“.

ЛОНДОН (АА) – Водителката на радио Би-Би-Си денес го прекина разговорот со телефонската соговорничка која ги критикуваше Би-би-си и владејачката влада на Лабуристичката партија за нивното „соучесништво“ во израелскиот геноцид во Газа, известува Анадолу.
За време на емитување на радиоемисија на Би-Би-Си Радио 2 во кој слушателите беа замолени да ги споделат своите идеи за одржување свадбен говор, водителката Тина Дахили ја претстави телефонската соговорничка од Манчестер, Северозападна Англија, по име Мери.
Мери разговорот го започна заблагодарувајќи и се на водителката за поканата и продолжи со зборовите:
„Би-Би-Си и Владата на Велика Британија се соучесници во палестинскиот геноц–“, објави шкотскиот весник The National.
Репликата на Мери беше нагло прекината пред таа да може да ја заврши реченицата и да го каже зборот „геноцид“.
Потоа Дахили рече: „О, добро, воопшто не е за свадбените говори. Прекинете го тоа бидејќи немам поим што друго ќе кажат“, и додаде: „Тука зборуваме за свадбени говори.“
Би-Би-Си долго време е критикувана за она што многумина го сметаат за „двоен стандард“ во известувањето за израелските напади врз Газа.
Од почетокот на тековните израелски напади на 7 октомври 2023 година, пред седиштето во центарот на Лондон се одржаа бројни протести како одговор на уреднички став на Би-би-си.
Според извештај што го објави Центарот за мониторинг на медиумите (CfMM), Би-Би-Си е „систематски пристрасна“ против Палестинците во известувањето за војната во Газа.
Анализата на CfMM во јуни на над 35.000 содржини на Би-Би-Си забележува дека израелските смртни случаи биле 33 пати повеќе известувани по смртен случај и со значително поемотивен јазик.
Израелската армија, отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, води брутална војна во Појасот Газа од октомври 2023 година, во која уби повеќе од 61.700 Палестинци.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради својата војна против енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.