свет

Бугарија повторно ги заостри мерките против ширењето на Ковид-19

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, изјави дека мерките, кои ќе стапат на сила на 22 март, ќе важат најмалку десет дена.

Ihvan Radoykov  | 18.03.2021 - Обновена : 19.03.2021
Бугарија повторно ги заостри мерките против ширењето на Ковид-19

СОФИЈА 

Бугарските власти по зголемениот број на новозаразени и починати од Ковид-19 донесоа одлука за заострување на мерките против ширењето на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, изјави дека мерките, кои ќе стапат на сила на 22 март, ќе важат најмалку десет дена.

Ангелов рече дека на свадбите и на приватните прослави ќе биде дозволено собирање на најмногу 15 лица, додека собирите на јавните места ќе бидат забранети.

Истакна дека во рамките на новите мерки нема да работат рестораните, кината, театрите, културните, трговските и фитнес-центрите, додека образовните установи ќе преминат на онлајн настава.

Здравствениот инспектор Ангел Кунчев напомена дека Бугарија не вовела полициски час како соседните земји и додаде дека ќе се обиде да постигне добри резултати без претерување во мерките.

Во Бугарија, која има 6,9 милиони жители, во изминатите 24 часа се регистрирани 4.201 случај на коронавирусот, додека од последици предизвикани од вирусот починаа 136 лица. Во рамките на имунизацијата досега се администрирани 350 илјади дози од вакцините.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın