свет

Бројот на убиени Палестинци во Газа изнесува речиси 53.800

Министерството за здравство соопшти дека 107 тела биле донесени во болниците во последните 24 часа, додека 247 лица се повредени

Ahmed Asmar  | 22.05.2025 - Обновена : 22.05.2025
Бројот на убиени Палестинци во Газа изнесува речиси 53.800

АНКАРА (АА) - Најмалку 53.762 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година, соопшти Министерството за здравство денес, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека 107 тела биле донесени во болниците во последните 24 часа, додека 247 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади достигна 122.197.

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.

Израелската Армија ненадејно ја продолжи воздушната кампања врз Појасот Газа на 18 март, при што се убиени речиси 3.613 луѓе, а повредени се над 10.100 и покрај договорот за прекин на огнот и размена на затвореници од јануари.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.