свет

Бројот на жртви во свлечиштата во Индонезија се искачи на 31, продолжува потрагата по 20 исчезнати

Во заедничката операција за пребарување и спасување се распоредени околу 500 лица за да се лоцираат исчезнатите жртви во Панданарум, а уште десетици работат во округот Мајенанг

Islam Uddin  | 22.11.2025 - Обновена : 22.11.2025
Бројот на жртви во свлечиштата во Индонезија се искачи на 31, продолжува потрагата по 20 исчезнати

АНКАРА (АА) - Бројот на жртви од лизгањето на земјиштето во два региона на Индонезија се искачи на 31, додека потрагата по 20 исчезнати лица продолжува, соопштија денес локалните власти, пренесува Анадолу.

Во селото Панданарум, во регентството Банџарнегара во Централна Јава, 18 лица сѐ уште се водат како исчезнати, додека властите пронашле 10 тела, објави државната агенција Антара њуз, повикувајќи се на Будионо, од заедничката канцеларија за пребарување и спасување во Семаранг. Семаранг е главен и најголем град во индонезиската покраина Централна Јава.

Будионо додаде дека се пронајдени и две неидентификувани делови од тела.

Во друго свлечиште во округот Мајенанг, во регентството Чилакап, исто така во Централна Јава, тимовите за пребарување пронајдоа 21 тело, додека две лица сѐ уште се водат како исчезнати по катастрофата од минатата недела, јави Агенцијата.

Во заедничката операција за пребарување и спасување се распоредени околу 500 лица за да се лоцираат исчезнатите жртви во Панданарум, а уште десетици работат во округот Мајенанг.

Одделно, силни поплави и обилни врнежи од дожд продолжуваат и денес во Сонгкла, јужен Тајланд, каде што се регистрирани 595 милиметри дожд во текот на изминатите три дена, според „Банкгок пост“.

Властите ги предупредија жителите на 103 заедници да се подготват за можна евакуација поради влошувањето на поплавите. Вчера, официјалните претставници прогласија седум области за вонредни зони на катастрофа откако беа погодени речиси 45.000 луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın