свет

Брисел: Во седиштето на НАТО завршени техничките разговори меѓу воените делегации на Турција и Грција

Министерството претходно соопшти дека на состанокот ќе се разговара за воспоставениот механизам за деескалација меѓу двете земји, во услови на споровите за поморските граници поврзани со тоа прашање.

Dilan Pamuk   | 19.01.2021
Брисел: Во седиштето на НАТО завршени техничките разговори меѓу воените делегации на Турција и Грција

АНКАРА

Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека е завршен техничкиот состанок помеѓу турската и грчката воена делегација, што е одржан во седиштето на НАТО во Брисел, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерството претходно соопшти дека на состанокот ќе се разговара за воспоставениот механизам за деескалација меѓу двете земји, во услови на споровите за поморските граници поврзани со тоа прашање.

Минатиот октомври, НАТО соопшти дека таквиот механизам „е дизајниран да го намали ризикот од инциденти и несреќи во Источниот Медитеран“. Тоа вклучува создавање линија меѓу Турција и Грција за отстранување на конфликтите во море или во воздух“.

Почнувајќи од минатиот септември, турските и грчките воени делегации одржаа низа технички разговори во седиштето на НАТО во Брисел за да разговараат за Источниот Медитеран.

Турција и Грција исто така треба да започнат билатерални истражни разговори на 25 јануари во Истанбул за решавање на нивните спорови.

Турција, земја со најдолг континентален гребен во Источниот Медитеран, ги отфрли барањата за поморските граници на грчката администрација и на кипарските Грци и истакна дека овие прекумерни барања ги кршат суверените права и на Турција и на кипарските Турци.

Анкара минатата година испрати неколку бродови за истражување на енергетските ресурси во Источниот Медитеран, потврдувајќи ги своите права во регионот, како и оние на Турската Република Северен Кипар.

Турските лидери постојано нагласуваа дека Анкара е за решавање на сите отворени проблеми во регионот преку меѓународното право, добрососедските односи, преку дијалог и преговори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.