Бразил: Само една улица ги дели двата различни света
Во Бразил не е невообичаено да се видат сиромашни населби, т.н. фавели, кои се придружници на урбаните и богати градови, но случајот во Сан Бернардо до Кампо е уникатен...

Sao Paolo
САО ПАОЛО (АА) - Неколку илјади бразилски бездомници живеат во сиромашни колиби од најлон и во шатори изградени во поле, а од урбаниот дел на Сао Паоло ги дели само улица, јавува Anadolu Agency (AA).
Фоторепортерот на АА направи снимки од уникатните сцени во центарот на градот Сан Бернардо до Кампо, во сојузната бразилската држава Сао Паоло, каде што буквално еден до друг живеат два сосема различни света, сиромашните бездомници кои заедно водат борба за опстанок и урбаното население, кое има удобно сместување во облакодерите и вилите.
Во Бразил не е невообичаено да се видат сиромашни населби, т.н. фавели, кои се придружници на урбаните и богати градови, но случајот во Сан Бернардо до Кампо е уникатен, бидејќи и сиромашните фавели се многу поудобни за живот од тамошната населба од најлони.
Станува збор за колибите изградени од бездомниците кои се приклучија во Движењето на бездомниците (МСТТ) и се борат за гол живот.
Случајот е посебен и поради тоа што се работи за индустрискиот град Сан Бернардо до Кампо, каде што е создадено модерното работничко движење на Бразил и Трговската унија ЦУТ, најголемата организација од овој вид во Латинска Америка.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.