свет

Белгија: Во оружен напад убиени двајца полицајци и случаен минувач

Весникот „Ле Сор“ објави дека нападот го извршил белгискиот државјанин Бенџамин Херман, роден во 1985 година

Şerife Çetin  | 29.05.2018 - Обновена : 30.05.2018
Белгија: Во оружен напад убиени двајца полицајци и случаен минувач АА/Архива

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Во белгискиот град Лиеж изведен е вооружен напад во кој животот го загубија 3 лица. Нападот го извршил државјанин на Белгија кој неодамна излегол од затвор, јавува Anadolu Agency (AA). 

Белгискиот весник „Ле Сор“ (Le Soir) објави дека нападот го извршил белгискиот државјанин Бенџамин Херман, роден во 1985 година. Во веста се наведува дека напаѓачот вчера бил пуштен од затворот „Лантин“, во кој одлежувал казна затвор поради кражба.

Утрово во центарот на градот Лиеж, кој претставува индустриски центар на подрачјето Валон во кое се зборува француски и е позиционирано во близина на границата со Германија, напаѓачот отворил оган врз двајца полицајци кои минувале по улица. Во нападот животот го загубиле двајцата полицајци и еден цивил. 

Обвинителството на Лиеж соопшти „Напаѓачот со нож ги ранил двајцата полицајци и им го одзел оружјето. Потоа, пукајќи во нив, ги убил.“

По нападот, напаѓачот влегол во едно средно училиште и како заложник зел една жена. Во соопштението се вели дека во операцијата што ја спроведе полицијата, ранети се двајца полицајци, а напаѓачот е неутрализиран.

Од друга страна, Министерството за внатрешни работи на Белгија, Жан Жамбон, преку својот профил на социјалната мрежа Твитер, сподели „Федералниот кризен центар ја следи ситуацијата. Во тек е истрагата за откривање што точно се случило.“

Премиерот на Белгија, Шарл Мишел, во врска со нападот ја даде следната изјава: „Ја следиме ситуацијата заедно со министрите за внатрешни работи и правда. Во име на Владата им изразувам сочувство на семејствата на ранетите и загинатите.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın