свет

Бајден: „САД никогаш нема да ја признаат руската таканаречена анексија на Крим“

- Претседателот на САД, Џо Бајден, истакнувајќи дека неговата земја никогаш нема да ја признае руската „таканаречена анексија“ на Крим, рече дека ќе застанат покрај Украина против рускиот агресивен став

Dildar Baykan   | 26.02.2021
Бајден: „САД никогаш нема да ја признаат руската таканаречена анексија на Крим“

ВАШИНГТОН

Претседателот на САД, Џо Бајден, истакнувајќи дека неговата земја никогаш нема да ја признае руската „таканаречена анексија“ на Крим, рече дека ќе застанат покрај Украина против рускиот агресивен став, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Бајден во писмената изјава по повод годишнината од руската анексија на Крим, нагласи:

„Со инвазијата на Крим, Русија ги прекрши меѓународното право, суверенитетот и територијалниот интегритет на нејзиниот сосед Украина.“

Подвлекувајќи дека Соединетите Американски Држави стојат покрај Украина и нејзините сојузници од почетокот на конфликтот, Бајден рече:

„На оваа тажна годишнина, повторно нагласуваме важен факт: Крим ѝ припаѓа на Украина. САД никогаш нема да ја признаат таканаречената руска анексија на Крим и ќе застанат покрај Украина против агресивните активности на Русија“, додаде Бајден.

Нагласувајќи дека тие ќе продолжат да ја поддржуваат борбата на украинскиот народ, Бајден рече: „Соединетите Американски Држави сѐ уште веруваат на зборот на Украина. Ние ги поддржуваме сите што работат за мирна, демократска и просперитетна иднина на својата земја.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın