свет

Бајден одобри пакет помош за Украина во вредност од 13,6 милијарди долари

- „Со оваа помош ќе се обидеме да ги залечиме раните нанесени од војната на Путин врз народот во Украина и регионот“

Michael Gabriel Hernandez  | 16.03.2022 - Обновена : 16.03.2022
Бајден одобри пакет помош за Украина во вредност од 13,6 милијарди долари

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден го одобри владиниот буџет кој вклучува 13,6 милијарди долари за помош на Украина, јавува Агенцина Анадолија (АА).

Предлог-законот од 1,5 билиони долари беше усвоен од Сенатот минатиот четврток и од Претставничкиот дом ден претходно. Пакетот вклучува широк опсег на зголемувања на трошоците, вклучително и проценетото зголемување од 6 проценти за одбраната.

Средствата наменети за Украина, 13,6 милијарди долари, вклучуваат хуманитарна помош, и го снабдува Киев со директна економска помош.

„Оваа војна направи речиси три милиони Украинци бегалци и нивниот број се зголемува од ден на ден. Во моментов, 12 милиони луѓе имаат потреба од хуманитарна помош. Го мобилизираме целиот свет за хуманитарна помош“, рече Бајден.

„Со оваа помош ќе се обидеме да ги залечиме раните нанесени од војната на Путин врз народот во Украина и регионот“, додаде Бајден.

Инаку, напорите за зголемување на американското финансирање за Украина добија ретка двопартиска поддршка.

Војната на Русија против Украина, која започна на 24 февруари, наиде на меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции кон Москва и поттикна истапување на глобални фирми од Русија.

Најмалку 691 цивил загинаа, а 1.143 се повредени во Украина од почетокот на војната, според ОН, а повеќе од 3 милиони бегалци заминаа во соседните земји.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın