свет

Американските сили во Јемен го убија водачот на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров

„САД изведоа антитерористичка операција во Јемен во која успешно е елиминиран Касим ал Рими, основачот и водач на Ал Каeда на Арапскиот Полуостров и првиот заменик на водачот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири“

Servet Günerigök  | 07.02.2020 - Обновена : 08.02.2020
Американските сили во Јемен го убија водачот на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров

ВАШИНГТОН (АА) - Војската на Соединетите Американски Држави (САД) го уби водачот на терористичката организација Ал Каеда во Јемен, Касим ал Рими, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Соединетите Американски Држави (САД) изведоа антитерористичка операција во Јемен во која успешно е елиминиран Касим ал Рими, основачот и водач на Ал Каeда на Арапскиот Полуостров и првиот заменик на водачот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири“, се наведува во соопштението кое го објави Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека Ал Рими е одговорен за терористички напади врз цивили и врз американските воени сили на Арапскиот Полуостров.

„Убиството на Ал Рими додатно ја сруши Ал Каеда и глобалното движење на Ал Каеда, и нè доведе до чекор поблиску до елиминација на заканата која таа група ја претставува за нашата национална безбедност“, се наведува во соопштението.

Од Белата куќа исто така тврдат дека САД, нивните интереси и нивните сојузници се сигурни во светот без Ал Рими.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.