свет

Алжир и Турција во координација за запирање на израелските напади врз Палестинците

„Му се заблагодарувам на мојот колега Мевлут Чавушоглу за телефонскиот разговор за координирање на напорите за спротивставување на израелската агресија врз нашите браќа во Палестина“, напиша Букадум на Твитер.

Ekip  | 12.05.2021 - Обновена : 13.05.2021
Алжир и Турција во координација за запирање на израелските напади врз Палестинците

АЛЖИР

Алжир е во координација со Турција за да ја запре израелската агресија врз Палестинците, изјави денес алжирскиот министер за надворешни работи, Сабри Букадум, јавува Агенција Анадолија (АА).

Букадум и неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу телефонски разговараа за случувањата на палестинските територии.

„Му се заблагодарувам на мојот колега Мевлут Чавушоглу за телефонскиот разговор за координирање на напорите за спротивставување на израелската агресија врз нашите браќа во Палестина“, напиша Букадум на Твитер.

Чавушоглу вчера изјави дека Турција ги предводи напорите за издавање резолуција од Генералното собрание на ОН за израелските напади врз Палестинците.

Чавушоглу потврди дека Турција ќе продолжи со напорите за одбрана на правата на палестинскиот народ, велејќи дека Анкара ги води дипломатските напори на високо ниво за состојбата во палестинските земји.

Тој рече дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган бил во контакт со светските лидери во врска со развојот на настаните на палестинските територии.

Најмалку 53 Палестинци се убиени, а 304 се повредени во израелските напади во Појасот Газа во услови на тензии низ палестинските територии, откако израелската полиција упадна во џамијата „Ал-Акса“ во окупираниот Источен Ерусалим и ги нападна верниците.

Петмина Израелци се исто така убиени во ракетниот напад од Појасот Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.