свет

Администрацијата на Трамп ќе купи 150 милиони брзи тестови за Ковид-19

„Администрацијата на Трамп соопштува дека ќе бидат купени и произведени 150 милиони брзи тестови за Ковид-19“, се наведува во соопштението на прес-службата на Белата куќа

Dildar Baykan  | 28.08.2020 - Обновена : 28.08.2020
Администрацијата на Трамп ќе купи 150 милиони брзи тестови за Ковид-19

ВАШИНГТОН

Белата куќа соопшти дека во САД ќе купи 150 милиони тестови за Ковид-19 кои покажуваат резултати во рок од 15 минути и ќе ги сподели низ земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Администрацијата на Трамп соопштува дека ќе бидат купени и произведени 150 милиони брзи тестови за Ковид-19“, се наведува во соопштението на прес-службата на Белата куќа.

Во соопштението понатаму се нагласува дека за овие тестови, администрацијата на Трамп постигнала договор со американскиот производител на медицинска опрема „Абот“ (Abbott).

„Овој чекор е важен за заштита на најранливите групи во САД и продолжување на нормализацијата на нашата земја“, се вели во соопштението.

Според ова соопштение, САД се земја која изработува најмногу тестови за Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.