„Постигнавме договор со Русија за размена на 1.000 луѓе за 1.000 луѓе“, рече украинскиот министер за одбрана Умеров
Министерот Умеров одговараше на прашањата на новинарите по трилатералниот состанок Турција - Русија - Украина што се одржа во Претседателската палата „Долмабахче“ во Истанбул, во рамките на мировните преговори меѓу Русија и Украина.

ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров изјави дека постигнале договор со Русија за размена на 1.000 луѓе за 1.000 луѓе“, известува Анадолу.
Министерот Умеров одговараше на прашањата на новинарите по трилатералниот состанок Турција - Русија - Украина што се одржа во Претседателската палата „Долмабахче“ во Истанбул, во рамките на мировните преговори меѓу Русија и Украина.
Изјавувајќи дека на состанокот биле разгледани прашањата за прекин на огнот, размена на затвореници и можна средба на ниво на лидери, министерот Умеров додаде:
„Постигнавме договор (со Русија) за размена на 1.000 луѓе за 1.000 луѓе“.
Умеров истакна дека работат на различни модалитети и додаде: „Нашите колеги се во контакт и ќе ги размениме сите документи. Сега потребна ни е размена на затвореници. Наскоро ќе ве известиме што ќе биде следната фаза“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.