Уставниот суд на Романија го поништи вториот круг од претседателските избори и резултатите од првиот круг
- Изборниот процес ќе продолжи во целост, со тоа што Владата ќе одреди нов датум за избор на претседател, соопшти судот

Атина
Уставниот суд на Романија го поништи вториот круг од претседателските избори закажан за 8 декември и резултатите од првиот круг од изборите на 24 ноември, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Изборниот процес ќе продолжи во целост, со тоа што Владата ќе одреди нов датум за избор на претседател, се вели во соопштението на судот.
Повикувајќи се на извори во судот, телевизијата „Антена3“ објави дека одлуката е донесена откако новите докази покажале дека претседателските избори на 24 ноември биле нерегуларни.
Одлуката на судот следуваше откако Врховниот совет за национална одбрана во средата декласифицираше документи на тајната служба кои покажаа мешање на „државен актер“ во изборниот процес во Романија.
„Документите, исто така, ја открија мрежата зад ултранационалистичкиот независен кандидат Калин Џорџеску“, соопшти телевизијата.