Северна Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата
„Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена“

СКОПЈЕ (АА) – Северна Македонија прогласи за персона нон грата пет руски дипломати, кои извршувале активности што се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на Министерството за надворешни работи, денес во просториите на Министерството повикан е амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му е врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.
„Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена“, се вели во соопштението од МНР.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.