свет, Операција Извор на мирот

Започна четвртата заедничка турско-руска копнена патрола

- Турските и руските војници ја започнаа четвртата заедничка копнена патрола источно од Еуфрат, во подрачјето на Дарбасија

Mehmet Tosun  | 11.11.2019 - Обновена : 12.11.2019
Започна четвртата заедничка турско-руска копнена патрола

АНКАРА

Турските и руските војници ја започнаа четвртата заедничка копнена патрола источно од Еуфрат, во подрачјето на Дарбасија, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението што го објави турското Министерство за одбрана се вели дека продолжуваат активностите на патролирање кои се во согласност со Договорот на Турција и Русија постигнат во Сочи на 22 октомври 2019 година.

Во тие рамки турските и руските воени елементи, пратени од беспилотни летала, ја започнаа четвртата заедничка копнена патрола источно од Еуфрат, во подрачјето на Дарбасија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.