наука и технологија

„Самсунг“ го претстави најновиот паметен телефон „Галакси С8“

Овој телефон е првата премиумска понуда објавена од страна на јужнокорејската компанија откако „Галакси Ноут 7“ предизвика катастрофални реакции во јавноста и масовно повлекување

Barry Eitel  | 30.03.2017 - Обновена : 31.03.2017
„Самсунг“ го претстави најновиот паметен телефон „Галакси С8“

San Francisko

САН ФРАНЦИСКО (АА) - Јужнокорејската компанија „Самсунг“ денес го претстави најновиот модел на паметни телефони, „Галакси С8“, кој ќе биде достапен за продажба низ целиот свет од 21 април оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).

Овој телефон е првата премиумска понуда објавена од страна на јужнокорејската компанија откако „Галакси Ноут 7“, претставен минатата година, предизвика катастрофални реакции во јавноста и масовно повлекување, затоа што од страна на властите беше прогласено дека тој може да предизвика експлозија.

Во обид да се врати довербата на потрошувачите, новиот „Галакси С8“ е претставен со нови функции, вклучувајќи безбедносен систем којшто користи софтвер за препознавање на ликот и нов дигитален асистент наречен Биксби.

„Самсунг“ пред неколку години започна со трендот на паметни телефони со голем екран, а неговиот ривал „Епл“ го надмина со произведување на „Ајфон 6 Плус“. „Самсунг“ уште еднаш сака да ја преземе водечката улога со претставување на „Галакси С8 Плус“, којшто е пуштен на пазарот заедно со „Галакси С8“.

„Галакси С8 Плус“ може да се пофали со екран од 15,75 сантиметри (6,2 инча), додека „Ајфон 7 Плус“ има екран од 14 см (5,5 инчи).

„’Самсунг Галакси С8’ и ‘С8+’ водат кон нова ера во дизајнот на паметните телефони и фантастични нови услуги, отворајќи нови патишта кон доживувањето на светот“, се вели во соопштението на претседателот на бизнисот со мобилни комуникации на „Самсунг“, Д.Ј. Кох. „’Галакси С8’ и ‘С8+’ се нашето сведоштво за враќање на довербата со редефинирање на она што е можно во областа на безбедноста и означува нова пресвртница во наследството на паметните телефони на ‘Самсунг’“, додава тој.

„Самсунг“ пред пет години беше водечки продавач во пазарот на мобилната телефонија, но „Епл“ од 2012 година доминира од приходите од мобилни уреди.

Според податоците објавени денес, од страна на аналитичката фирма „Статиста“, мобилниот бизнис на „Самсунг“ сега е околу половина од големината на „Епл“.

„Самсунг“ заработи 80,9 милијарди долари од приходите од мобилни уреди во 2016 година, додека „Епл“ заработи 158,5 милијарди долари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.