Од првиот повик пред 150 години до денес телефоните се претворија во паметни екрани
- Модерната ера на мобилната комуникација започна во 1973 година, кога извршниот директор на Моторола, Мартин Купер, го претстави првиот мобилен телефон во светот...
ИСТАНБУЛ (АА) - Телефоните еволуираа од едноставни жичени предаватели на глас во паметни телефони што доминираат во современата комуникација и дигиталниот живот по 150 години од првиот телефонски повик, пишува Анадолу.
Шкотско-американскиот пронаоѓач Александар Грејам Бел го упатил првиот телефонски повик во Бостон на 10 март 1876 година, користејќи го својот нов патентиран уред за да контактира со асистентот во соседната просторија.
Првичната технологија се користела за комуникација на кратки растојанија помеѓу соби, но брзо се проширила низ САД преку кабли монтирани на столбови.
На крајот оваа експанзија им овозможи на Бел и на неговиот асистент во 1915 година да го реализираат првиот трансконтинентален телефонски повик.
Технологијата во 1908 година стигна и до Османлиската Империја, а веќе во 1926 година Република Турција ја основа својата прва автоматска телефонска централа во Анкара, под директива на основачот на земјата, Мустафа Кемал Ататурк.
На иновацијата ѝ беа потребни неколку децении за да се развиево вообичаена домашен уредпред нејзиното напредување во сателитски и безжични технологии, постепено намалувајќи ја зависноста од кабли.
Модерната ера на мобилната комуникација започна во 1973 година, кога извршниот директор на Моторола, Мартин Купер, го претстави првиот мобилен телефон во светот, отворајќи го патот за комерцијалните мобилни уреди една деценија подоцна.
Технолошките промени дополнително се забрзаа со појавата на првите телефони со камера во 1999 година, по што следуваше претставувањето на паметните телефони со екрани на допир во 2007 година.
Низ годините мобилните телефони еволуираа од основни алатки за комуникација во централни платформи за социјална интеракција, образование, трговија и забава, како што се зголемуваа интернет-брзините и дигиталните услуги низ светот.
Според извештајот Дигитал 2026 на „Ви ар сошал“ (We Are Social) и „Мелтвотер“ (Meltwater), околу 5,78 милијарди луѓе на глобално ниво денес користат мобилни телефони, односно околу 70 отсто од светската популација, а паметните телефони сочинуваат речиси 94 отсто од активните мобилни уреди.
Подемот на паметната технологија драстично го зголеми времето што луѓето го минуваат онлајн во споредба со почетните години на мобилната телефонија, кога користењето беше ограничено поради високите трошоци и основната функционалност.
Извештајот открива дека луѓето низ светот секој ден, во просек, минуваат шест часа и 43 минути поврзани на интернет.
Мобилните уреди го заземаат најголемиот удел во оваа активност, при што корисниците секој ден, во просек, минуваат четири часа и две минути онлајн на телефон.
Околу 60 отсто од глобалниот интернет-сообраќај денес доаѓа преку мобилните телефони.
Просечен корисник троши речиси два и пол часа дневно во „скролање“ на социјалните платформи на телефон.
Во Турција, дигиталната употреба го надминува глобалниот просек. Интернет-корисниците секој ден минуваат околу седум часа и 15 минути онлајн, вклучително и четири часа и 35 минути користејќи паметни телефони и речиси три часа на апликации за социјални медиуми.
Од своите почетоци како експериментален пренос на глас преку бакарна жица, телефонот еволуираше во дигитален екосистем што денес „раководи“ со голем дел од секојдневното внимание на човештвото.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
