наука и технологија

Турција ја поддржува фотографијата на езерото Ван на фотонатпреварот на НАСА

„Фотографијата на езерото Ван, кое има единствена природна убавина, што е направена од вселената и со сите нијанси на сината боја, се пласираше во финалето на онлајн натпреварот на НАСА“, напиша Емине Ердоган на социјалната мрежа.

Handan Kazancı  | 12.04.2021 - Обновена : 12.04.2021
Турција ја поддржува фотографијата на езерото Ван на фотонатпреварот на НАСА

ИСТАНБУЛ

Првата дама на Турција, Емине Ердоган, на социјалната мрежа Твитер побара од своите следбеници да гласаат за фотографијата на езерото Ван на фотонатпреварот на НАСА, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Фотографијата на езерото Ван, кое има единствена природна убавина, што е направена од вселената и со сите нијанси на сината боја, се пласираше во финалето на онлајн натпреварот на НАСА“, напиша Емине Ердоган на социјалната мрежа.

Таа сподели и линкови за натпреварот.

Министерството за надворешни работи на Турција исто така ѝ се придружи на Ердоган во знак на поддршка на фотографијата од езерото Ван.

„Турското езеро Ван е најголемото алкално езеро на нашата планета, хипнотизира и од вселената, со своите голем број нијанси на сина и тиркизна боја на водата“, напиша Министерството на Твитер, додавајќи:

„Да гласаме сега.“

Во борбата за најдобра фотографија што ја направиле астронаутите беа единственото турско езеро наспроти ѕвезди на небото. Фотографиите ги направија астронаутите на Меѓународната вселенска станица (ISS).

На натпреварот „Tournament Earth“, што започна на 8 март, се појавија фотографии од вселената направени во последните повеќе од две децении.

Финалето вклучуваше фотографии од композиции на ѕвезди во движење над Америка од 2012 година, што ги направи астронаутот Дон Петит, и фотографија на езерото Ван во источна Турција, што во 2016 година ја направи астронаутката Кејт Рубинс.

За најдобра фотографија може да се гласа до 12 април на „earthobservatory.nasa.gov/tournament-earth“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.