наука и технологија

Климатските промени за 50 години може да предизвикаат изумирање на една третина од живите видови

Во рамки на истражувањето од Одделот за екологија и еволутивна биологија при Универзитетот „Аризона“, беа испитани 538 живи видови што се наоѓаат во 581 различна зона во светот

Emel Gözellik   | 14.02.2020
Климатските промени за 50 години може да предизвикаат изумирање на една третина од живите видови

АНКАРА (АА) - Ново истражување спроведено во Соединетите Американски Држави (САД) откри дека климатските промени може да предизвикуваат изумирање на една третина од живите видови до 2070 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во рамки на истражувањето водено од страна на истражувачите Кристијан Роман-Паласиос и Џон Џ. Винс од Одделот за екологија и еволутивна биологија при Универзитетот „Аризона“, беа испитани 538 живи видови што се наоѓаат во 581 различна зона во светот, како и климатските податоци за овие места.

Како резултат на истражувањето, откриено е дека 44 отсто од вкупно 538 живи видови досега веќе се изумрени.

Во истражувањето се претпоставува дека во случај зголемувањето на температурите да продолжи како што е сега, една третина од живите видови ќе изумрат до 2070 година, а се вели дека во случај да се забележи поголем раст на температурите, загубата ќе биде поголема.

Винс, еден од истражувачите, истакна дека доколку во борбата против климатските промени се почитува Парискиот договор, тогаш може да се случуваат помали загуби.

Резултатите на ова истражување се објавени во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın