Голем број активности и четвртиот ден на ТЕХНОФЕСТ Истанбул
- СОЛОТУРК на посетителите на ТЕХНОФЕСТ им прикажа презентативен лет на небото над Истанбул

ИСТАНБУЛ (АА) - ТЕХНОФЕСТ Истанбул и четвртиот ден организира бројни активностите за посетителите, известува Анадолу.
Граѓаните покажаа голем интерес за ТЕХНОФЕСТ Истанбул и првиот ден од викендот.
Најголемиот светски фестивал за авијација, вселена и технологија ТЕХНОФЕСТ, организиран под водство на Министерството за индустрија и технологија и Фондацијата на Турскиот технолошки тим (Фондација Т3), со Агенција Анадолу како глобален комуникациски партнер, продолжува да ги пречекува посетителите на аеродромот Ататурк во Истанбул. Уште од раните утрински часови посетителите кои дојдоа во голем број, создадоа спектрална слика на просторот на кој се организира ТЕХНОФЕСТ.
- Пријавени се 1,1 милион натпреварувачи
ТЕХНОФЕСТ Истанбул се издвојува со своите натпреварувачки категории кои го поддржуваат технолошкиот развој во критичните области. Тимовите што ќе ја поминат фазата на претселекција на натпреварите, кои ќе се одржат во 58 главни и 137 поткатегории, ќе добијат дел од финансиската поддршка чија вкупна вредност изнесува над 85 милиони лири (1.650.000 евра). Највисоко рангираните тимови ќе добијат награди во вкупна вредност од над 65 милиони лири (1.330.000 евра).
Повеќе од 565.000 тимови и 1.100.000 натпреварувачи што сакаат да ги остварат своите соништа се пријавија за технолошките натпревари што се одржуваат како дел од ТЕХНОФЕСТ Истанбул.
- Одржување на бројни настани, од воздухопловни претстави до концерти
ТЕХНОФЕСТ, кој досега пречека 11 милиони посетители, во Истанбул е домаќин на активности за сите возрасти, од мали деца до тинејџери, семејства до ентузијасти за технологија.
Фестивалот вклучува воздухопловни претстави, концерти, сценски изведби, едукативни работилници, симулациски области за искуство, планетариум, научни претстави, Временскиот тунел ТЕХНОФЕСТ, изложба на националните поморски, копнени и воздухопловни возила и специјално искуство со прв лет за студенти.
- СОЛОТУРК и „Турските ѕвезди“ на небото над Истанбул
На ТЕХНОФЕСТ Истанбул секојдневно се изведуваат воздухопловни претстави со авиони и летала кои се производ на воздухопловната и одбранбената индустрија на Турција. На ТЕХНОФЕСТ посетителите имаат можност да уживаат во воздухопловни претстави кои ги изведуваат авионите „СОЛОТУРК“ и „Турските ѕвезди“, како и борбените авиони Ф-16.
На фестивалот се претставени и хеликоптерите АТАК, ХУРКУШ, АНКА, Бајрактар ТБ2, Бајрактар ТБ3 и Бајрактар АКИНЏИ.
Влезот на ТЕХНОФЕСТ Истанбул е бесплатен, а посетителите мора да се регистрираат онлајн. Времето за влез и излез за посетителите во просторот на настанот е помеѓу 9:00 и 19:00 часот.