Балкан

Во Косово се одржуваат локални избори

Граѓаните со право на глас ќе гласаат за избор на градоначалници и членови на општинските собранија во 38-те општини во земјата

Agim Sulaj  | 12.10.2025 - Обновена : 12.10.2025
Во Косово се одржуваат локални избори Фото: Erkin Keçi/AA

ПРИШТИНА (АА) - Гласачките центри денес се отворија низ цело Косово за локалните избори, јавува Анадолу.

Граѓаните со право на глас ќе гласаат за избор на градоначалници и членови на општинските собранија во 38-те општини во земјата.

Централната изборна комисија (ЦИК) направи прелиминарни подготовки за непречено спроведување на изборниот процес на вкупно 2.625 избирачки места од вкупно 948 гласачки центри.

Врз основа на избирачкиот список, 2.025.105 граѓани ќе гласаат на национално ниво, додека 43.993 гласачи надвор од Косово се регистрирани за остварување на своето право по пошта.

Вкупно 5.626 кандидати се натпреваруваат на изборите, од кои 206 за градоначалници, а останатите за членови на општинските собранија.

На овие избори се сертифицирани 93 политички субјекти, од кои 32 партии, 32 иницијативи, две коалиции и 27 независни кандидати.

Гласањето ќе трае до 19:00 часот, по што ќе започне броењето на гласовите во центрите одредени од ЦИК.

Се очекува првите прелиминарни резултати да бидат објавени во текот на вечерта.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın