политика

Јункер: Европската јавност е сè уште премногу национална, а не европска

Миграциите во 2014 година ѝ беа проблем само на Италија, но претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц и јас сметавме дека тоа е проблем на цела Европа

Barış Seçkin  | 06.05.2016 - Обновена : 07.05.2016
Јункер: Европската јавност е сè уште премногу национална, а не европска

Rim

РИМ (АА) - Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, изјави дека европската јавност е сè уште премногу национална, а не европска, пренесува Anadolu Agency (AA).

Јункер присуствуваше на дискусијата во салата Орази и Куриази во музејот Капитолини во Рим, во кој се поставени основи на денешната Европска унија. На расправата, исто така, присуствуваа и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц и италијанскиот премиер Матео Ренци.

Инаку, европските официјални лица во Италија престојуваат по повод церемонијата на која на папата Фрањо ќе му ја предадат европската награда „Шарлемагне”.

За време на расправата во салата Орази и Куриази во која се поставени основите на денешната Европска унија, стана збор и за актуелните проблеми со кои се бори ЕУ, како што се неконтролираните миграции и бегалски кризи.

„Миграциите во 2014 година ѝ беа проблем само на Италија, но претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц и јас сметавме дека тоа е проблем на цела Европа. Тогаш ни аплаудираа сите, но денес сме свесни дека тие кои не поддржувале не го мислеле истото како и ние", изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Според зборовите на Јункер, меѓу таквите се наоѓаат голем број на „половични” Европјани, а кога тие тоа во потполност ќе бидат, тогаш ќе може нешто да се направи.

„Јавноста е сè уште премногу национална, а не европска", изјави Јункер.

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, изјави дека е грешка да се прати популистичката реторика и популистичките личности.

„Секогаш е подобро она што е вистинско. Голем број на застапници на парламентот на Советот на Европа веруваат дека на еден глобален проблем може да се одговори на национално ниво, а тоа не е возможно. Лидерите едно време доаѓаа во Брисел исклучиво поради заштита на интересот на сопствените земји, изјави Шулц.

Италијанскиот премиер Матео Ренци изјави дека кога ќе дојде до некој напад во Европа, голем број на лидери ја праќаат пораката „да се затворат границите”. Ренци истакна дека оние кои ги изведуваат тие напади не доаѓаат однадвор туку одвнатре и дека борбата за безбедност мора да се води заеднички.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın