Балкан

Во Скопје започна Македонскиот енергетски форум

Турција на форумот ја претставува заменик министерката за животна средина, урбанизам и климатски промени, Фатма Варанк

Dzihat Aliju  | 16.06.2025 - Обновена : 16.06.2025
Во Скопје започна Македонскиот енергетски форум Фото: Umeys Sulejman/АА

СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје започна Македонскиот енергетски форум (МЕФ), јавува Анадолу.

Осмото издание на овој форум, кое се одржува под слоганот „Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан“, ги собра владините министри од земјите од регионот, експерти и високи претставници од меѓународни институции.

Турција на овој форум ја претставува заменик министерката за животна средина, урбанизам и климатски промени, Фатма Варанк.

Во својот говор на отворањето на форумот, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, Изет Меџити, рече дека форумот стана централна точка на регионалниот дијалог за енергетската иднина.

Тој истакна дека денес не зборуваат само за енергија, туку и за визијата што сакаат да ја изградат за своите земји и граѓани, како и за планетата. „Во време на глобални геополитички, економски и климатски турбуленции, имаме избор. Или ќе продолжиме да се прилагодуваме на кризите или ќе ја преземеме одговорноста за обликување на иднината“, рече тој.

Меџити, исто така, нагласи дека денес Западен Балкан има можност не само да биде следбеник, туку и лидер во енергетската и климатската трансформација.

Форумот ќе заврши утре со сесии посветени на енергетската иднина на Западен Балкан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.