свет

Меркел, Путин и Макрон пристигнаа во Истанбул за Самитот за Сирија

Самитот, кој ќе се одржи во резиденцијата Вахдетин во Истанбул, има за цел консолидирање на примирјето во Идлиб, и наоѓање едно политичко решение за кризата во Сирија.

Ekip  | 27.10.2018 - Обновена : 27.10.2018
Меркел, Путин и Макрон пристигнаа во Истанбул за Самитот за Сирија

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Франција, Емануел Макрон, пристигнаа во Истанбул каде што ќе учествуваат на четирилатералниот Самит за кризата во Сирија, чиј домаќин ќе биде претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).

Самитот, кој ќе се одржи во резиденцијата Вахдетин во Истанбул, има за цел консолидирање на примирјето во Идлиб, и наоѓање едно политичко решение за кризата во Сирија

Турција, Германија, Франција и Русија на Самитот ќе разговараат за случувањата на терен, ситуацијата во Идлиб по Договорот од Сочи и за политичкото решение во рамките на платформите на Астана и Женева.

На Самитот ќе учествува и специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Стефан де Мистура.

За првпат Самитот ќе ги собере претставниците на платформата на Астана и на малата група основана во Женева од страна на Мистура. Претходно, Мистура во Женева дискутираше за формирање уставен комитет со претставниците на двете платформи.

Одржувањето на Самитот, пред сè, беше соопштено на 29 јули од страна на турскиот претседател Ердоган, во периодот кога се дискутираше за можноста за хуманитарна катастрофа во сириското северно подрачје Идлиб.

Во тој период, Асадовиот режим и неговите поддржувачи почнале да се собираат околу Идлиб откако претходно преку блокади и протерување го зедоа под контрола централниот и јужниот дел на земјата.

Во текот на овој период, Турција ги забрза дипломатските напори за спречување на масакрот или протерување на четири милиони цивили во Идлиб.

Потоа, по покана на Франција и Германија, беше најавено дека Самитот ќе се одржи на 7 септември, но во тој период се одржа третиот Самит меѓу Турција, Иран и Русија во Техеран.

По предлог на Ердоган на Самитот во Техеран, заедно со неговиот руски колега Владимир Путин, се согласија на 17 септември во Сочи за низа дополнителни мерки за зачувување на примирјето во Идлиб.

Ердоган и Путин се согласија околу тоа до 15 октомври да се формира демилитаризирана зона со линија од 15 до 20 километри, која ќе биде контролирана од страна на турските и руските војници.

Ердоган на 23 октомври истакна дека очекува Самитот да биде сериозен чекор за постигнување мир во Сирија.

За време на процесот, Турција даде придонес во балансирање на улогите на земјите членки на Европската Унија (ЕУ), и на Русија и Иран за наоѓање едно решение за кризата во Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın