култура и уметност

Промовиран документарен филм за Јуруците на дизајнерката Ирина Тошева во турскиот културен центар „Јунус Емре“ – Скопје

- Со новата модна колекција „Оја“ и краткиот документарен филм „Латици“, посветен на Јуруците од Северна Македонија, дизајнерката Ирина Тошева ја одбележува 10-годишнината од постоењето на нејзиниот моден бренд

Husamedin Gina   | 23.06.2022
Промовиран документарен филм за Јуруците на дизајнерката Ирина Тошева во турскиот културен центар „Јунус Емре“ – Скопје Фото: Умејс Сулејман / АА

СКОПЈЕ (АА) - Со новата модна колекција „Оја“ и краткиот документарен филм „Латици“, посветен на Јуруците од Северна Македонија, дизајнерката Ирина Тошева ја одбележува 10-годишнината од постоењето на нејзиниот моден бренд, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турскиот културен центар „Јунус Емре“ – Скопје со прес-конференција одржана во дигиталното студио на Институтот, денеска го промовира документарниот филм „Латици“ на дизајнерката Ирина Тошева.

Ирина Тошева, во изјавата за медиумите, истакнувајќи дека оваа година слави 10-годишнина од нејзината работа како дизајнерка, рече дека само започнала еден прилично голем проект во кој ја истражува приказната на Јуруците, во источниот дел на Северна Македонија и дека била фасцинирана од нивната облека.

„Цветовите кои тие ги носат многу ме инспирираа и тоа ме охрабри да одам во селата во Радовишко, конкретно, во селото Али Коч и да снимиме еден цел документарец, а да вклучам и многу луѓе со кои заедно ја изработувавме новата колекција“, нагласи Ирина Тошева.

На прашањето, зошто на 10-годишнината од својата дизајнерска работа се одлучила да работи на проект за Јуруците, Тошева нагласи дека луѓето кои живеат во Скопје не се запознаени со Јуруците, затоа што не ги среќаваат.

Меѓу другото, Ирина, истакнувајќи дека имала проблеми во спроведувањето на проектот бидејќи не го знаела турскиот јазик, рече дека побарала помош од Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, од каде што ѝ дале огромна доверба, иако претходно не се познавале.

Серхат Кула, директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, истакна дека дизајнерката Ирина Тошева побарала помош од Институтот за проект на модна колекција користејќи ја традиционалната облека.

„Ние придадовме големо значење на овој проект. Ни беше дадена многу значајна можност илјадагодишната историја на Јуруците да биде прифатена од највисоките институции на Република [Северна] Македонија; исто така, имавме можност овој културен инвентар и материјални добра да ги промовираме пред љубителите на модата во [Северна] Македонија и оваа култура од [Северна] Македонија да биде прифатена како наша заедничка култура“, нагласи Серхат Кула.

Истакнувајќи дека со поддршка на сопругата на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, пред неколку дена во Претседателската палата на Водно е прикажен документарецот за Јуруците, Серхат Кула рече дека стотиците гости имале можност да се запознаат со облеката и животот на Јуруците во источниот дел на Северна Македонија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.