На 88-годишна возраст почина францускиот актер Ален Делон
„Тој почина мирно во својот дом во Души, опкружен со неговите три деца и семејството“

ПАРИЗ (АА) - Легендарниот француски актер Ален Делон почина на 88-годишна возраст, јавува Анадолу.
Актерот, чие полно име е Ален Фабиен Морис Марсел Делон, беше ѕвезда од златното доба на француската кинематографија, познат по улогата на жестокиот човек на екранот во хитовите како „Самураите“ и „Борсалино“.
„Тој почина мирно во својот дом во Души, опкружен со неговите три деца и семејството“, се наведува во соопштението објавено од новинската агенција АФП.
Се додава дека семејството побарало приватност.
Според пишувањата на медиумите, Делон во последните години бил во лоша здравствена состојба и станал многу повлечен.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.