култура и уметност

Во Скопје отворена IV Meѓународна изложба "МОСТ"

- Во Културно-Информативниот Центар- Скопје вечерва е отворена IV Меѓународна балканска изложба "МОСТ" на која се претставени ликовно-уметничките дела на 30 автори од Македонија и регионот

Admir Fazlagic  | 22.02.2016 - Обновена : 24.02.2016
Во Скопје отворена IV Meѓународна изложба "МОСТ"

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Во Културно-Информативниот Центар- Скопје вечерва е отворена IV Меѓународна балканска изложба "МОСТ" на која се претставени ликовно-уметничките дела на 30 автори од Македонија,Албанија,Косово,Србија, БИХ, Хрватска, Бугарија и Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Изложбата ја отвори солистката Вариса Хајдарпашиќ со изведбата на аријата на Мизета, од операта Боеми од италијанскиот оперски композитор Џакомо Пучини, по што следуваше обраќањето на селекторот и организаторот на изложбата, проф. д-р Фехим Хусковиќ, кој во својот воведен говор истакна дека се работи за изложба преку која може да се види дел од балканската уметност.

"По четврти пат имаме можност да видиме еден дел од балканска уметност. Учествуваат афирмирани и познати уметници од Македонија и од седум други земји од регионот , па и пошироко.Во Македонија ова е единствена изложба од ваков тип каде што имам желба да ја промовирам македонската уметност и уметноста од Балканот" рече Хусковиќ, додавајќи дека истата изложба од минатата година сеуште "патува" низ градовите во земјава.

Ликовниот критичар, историчар на уметност, проф. д-р Џемил Бектовиќ, говореќи во врска со изложбата рече дека од самите слики може да се забележи дека уметниците имаат елитистички настап, при што се изразени модернистичките тенденции на авторите.

"Самата изложба претставува благородна мисија, бидејќи преку неа можеме да видиме што се случува на овие простори. Изложбата има симболичен назив "МОСТ", бидејќи таа навистина спојува. Она што ме радува што оваа година според темите, некако, како да се враќаме на современата уметност, односно, модернистичките тенденции се посебно нагласени. Може да се забележи дека имаме елитистички настап, односно модернистичка практика која авторите ја преставуваат преку нивните дела", потенцираше Бектовиќ.

Авторите чии дела се претставени на оваа изложба се Адмир Мујкиќ, Авдо Жига и Халил Тиквеша од БиХ, Ангел Коруновски, Афердита Кики, Тони Васиќ, Живко Пренџов, Владимир Темков, Трајче Блажевски, Валентина Стефановска, Бурхан Ахмети, Фехим Хусковиќ и Љубинка Манчевска од Македонија, Атила Атар и Муса Ѓунеј од Турција, Фатон Крезиу, Етхем Бајмак, Едона Блакај од Косово, Саимир Ахмети од Албанија, Бојан Филчев од Бугарија, Мехмед Суљевиќ од Црна Гора, Саша Филиповиќ, Дејан Трајковиќ, Меџит Факиќ, Нина Шрајбер, Сумеја Бечковиќ и Асмир Хусовиќ од Србија и Жељко Јанчиќ Зец од Хрватска.

Организатор на изложбата е Бошњачката културна заедница во Македонија и Културно-Информативниот Центар- Скопје, а поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Изложбата ќе биде отворена до 7 март. 



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.