Oд Ковид-19 во Германија починаа 684 лица, додека бројот на детектирани случаи е над 68.000
- Веб-страницата „Коронавирус-Монитор“, со седиште во Берлин, која собра податоци од локалните власти, објави дека во последните 24 часа има 127 нови смртни случаи

БЕРЛИН
Бројот на починати од новиот тип на коронавирус во Германија денес се искачи на 684, според податоците објавени од локалните здравствени власти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Веб-страницата „Коронавирус-Монитор“, со седиште во Берлин, која собира податоци од локалните власти, објави дека бројот на нови смртни случаи во последните 24 часа изнесува 127.
Со 4.251 нови случаи, бројот на лица заразени со вирусот се искачи на 68.180.
Зголемениот број на смртни случаи во старечките домови во последните неколку дена предизвика загриженост за ефикасноста на тековните мерки насочени кон спречување на ширење на коронавирусот во центрите за нега.
Денес властите потврдија дека 18 лица во старечки дом во северниот германски град Волфсбург починале во рок од една недела откако биле заразени со коронавирусот.
Уште еден центар за нега во јужниот град Вирцбург, потврди 16 смртни случаи од коронавирус.
Во западниот регион Северна Рајна Вестфалија, досега се потврдени 29 смртни случаи од вирусот во старечките домови, а 268 жители се позитивни на вирусот.
Речиси 800.000 стари лица во Германија живеат во повеќе од 14.000 старечки домови. Се смета дека старите лица и лицата со хронични заболувања се најризична група за време на пандемија на коронавирусот.
Германија е трета земја во Европа која е најпогодена од пандемијата на коронавирус, но според бројот на смртни случаеви многу понизок во споредба со Италија и Шпанија кои се другите две најпогодени земји од вирусот.
По епидемијата со новиот тип на коронавирусот кој се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година, вирусот неодамна се прошири во уште најмалку 179 земји и региони низ светот, а Европа стана епицентар на пандемијата, додека Кина излегува од кризата.
Според податоците на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, од последиците предизвикани од вирусот починаа повеќе од 40.600 лица, а заразени се повеќе од 823.000 ширум светот, додека околу 174.000 лица се излекувани.