Јужна Америка: Зголемен бројот на заразени и починати од Ковид-19
- Бројот на случаи на заразување со Ковид-19 во Аргентина се искачи на 652.174, при што во последните 24 се регистрирани 12.027 нови случаи.

АНКАРА
Бројот на заразени и починати од последиците на Ковид-19 во Јужна Америка се зголеми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на случаи на заразување со Ковид-19 во Аргентина се искачи на 652.174, при што во последните 24 се регистрирани 12.027 нови случаи.
Најмалку 470 пациенти ги загубија нивните животи, при што бројот на починати од последиците на вирусот се искачи на 13.952. Бројот на оздравени во земјата изнесува 517.228.
Во Чиле во последните 24 часа се пријавени 1.380 нови случаи на заразување со Ковид-19, при што вкупниот број се искачи на 449.903.
Во Боливија вкупниот број на заразени изнесува 131.453, при што во последните 24 се пријавени 467 нови случаи на заразување, додека со 39 новопочинати лица, бројот на починати од последиците на Ковид-19 се искачи на 7.693.
Пандемијата на Ковид-19 во светот одзеде повеќе од 975.100 животи. САД, Индија, Бразил и Русија во моментот се најтешко погодени земји.
Во светот се пријавени повеќе од 31.78 милиони случаи на Ковид-19, а бројот на оздравени надмина 21.88 милиони, според податоците собрани од американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.