Израел и Боливија ги обновија дипломатските односи по две години прекин поради војната во Газа
- Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар и неговиот боливиски колега Фернандо Арамајо вчера во Вашингтон потпишаа заедничка декларација со која формално се воспоставуваат дипломатски односи меѓу двете земји.
ИСТАНБУЛ (АА) – Израел и Боливија ги обновија дипломатските односи по двегодишен прекин предизвикан од војната во Газа, соопшти денес израелското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар и неговиот боливиски колега Фернандо Арамајо вчера во Вашингтон потпишаа заедничка декларација со која формално се воспоставуваат дипломатски односи меѓу двете земји.
Саар изјави дека наскоро ќе бидат назначени и амбасадори.
Минатата недела Боливија го укина визниот режим за американски и израелски државјани, чекор што дополнително ја означи нормализацијата на односите.
Последните потези следуваат по доаѓањето на власт на централно десничарскиот претседател Родриго Паз во ноември, со што заврши речиси две децении левичарска владејачка политика во земјата.
Боливија ги прекина дипломатските односи со Тел Авив во 2009 година како реакција на израелските воени операции во Газа во периодот 2008-2009 година.
Односите накратко беа обновени во 2019 година, но повторно беа суспендирани во 2023 година поради израелските воени дејства во Појасот Газа.
Неколку латиноамерикански држави, меѓу кои Колумбија, Бразил, Чиле, Куба, Белизе и Никарагва, во различен степен ги прекинаа дипломатските, економските или воените односи со Израел во знак на протест поради неговата офанзива во Газа.
Од октомври 2023 година израелската армија уби повеќе од 70.000 луѓе во Газа, најмногу жени и деца, а над 171.000 беа повредени во нападите што ја оставија енклавата во урнатини.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
