свет, Коронавирус

СЗО објави дека делта-варијантата на коронавирусот е откриена во околу 100 држави

Високо заразната делта-варијанта на коронавирусот се шири во светот и предизвикува сè повеќе повторни карантини, како во Португалија

Sümeyye Dilara Dinçer  | 03.07.2021 - Обновена : 05.07.2021
СЗО објави дека делта-варијантата на коронавирусот е откриена во околу 100 држави

АНКАРА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) објави дека делта-варијантата на коронавирусот (Ковид-19), што за прв пат беше откриена во Индија, е регистрирана во скоро 100 држави и региони, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што наведува Кинеската глобална телевизиска мрежа (CGTN), генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупредил дека варијантата Делта, за која е утврдено дека се пренесува многу побрзо, е регистрирана во најмалку 98 земји.

Нагласи дека оваа варијанта на вирусот брзо се шири во земјите во коишто стапката на вакцинација е мала, но и висока.

Гебрејесус понатаму рече дека делта-варијантата е опасна и дека продолжува да се развива и мутира.

Високо заразната делта-варијанта на коронавирусот се шири во светот и предизвикува сè повеќе повторни затворања, како во Португалија.

Научниот советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, го окарактеризира делта-сојот како „најголема закана за истребувањето на Ковид-19“.

За првпат идентификувана во Индија, делта-варијантата сега сочинува повеќе од 25 отсто од случаите на Ковид-19 во САД, и е на пат да стане доминантен сој, покажуваат податоците од Центарот за превенција и контрола на болести.

Според некои истражувања, делта-варијантата, која официјално се води како Б.1.617.2, е најзаразната моментална варијанта на коронавирусот, според податоците од Велика Британија. Станува збор за 40 до 60 отсто поголема заразност од алфа-сојот, првично идентификуван на тоа подрачје.

Делта-варијантата на коронавирусот би можела да претставува 90 отсто од новите случаи во ЕУ до крајот на август, оцени Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

СЗО за Европа очекува оваа варијанта да стане доминантна на Стариот Континент до август.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın