свет, Коронавирус

САД репатрираше 9.000 Американци поради Ковид-19

„Заклучно со денес, репатриравме повеќе од 9.000 Американци од 28 земји“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортагус

Servet Günerigök  | 25.03.2020 - Обновена : 27.03.2020
САД репатрираше 9.000 Американци поради Ковид-19

ВАШИНГТОН

Стејт Департментот денес соопшти дека САД репатрирале 9.000 граѓани кои биле заглавени во странство како последица на епидемијата на коронавирус која владее низ светот, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Заклучно со денес, репатриравме повеќе од 9.000 Американци од 28 земји“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортагус.

„Нашите тимови, кои работат деноноќно во Вашингтон и во странство, ќе овозможат враќање на уште илјадници лица во текот на наредните денови, од секој регион во светот“.

Американските власти во јануари и февруари од Вухан евакуираа повеќе од 800 лица.

„Во текот на изминатите 24 часа, мисијата во Мароко, поради ненадејното затворање на границите на Мароко, побрза да оствари девет последователни чартер летови за да донесе во САД повеќе од 1.000 Американци“, се вели во соопштението на Стејт Департментот.

Во соопштението се вели дека Стејт департментот никогаш досега не покренал операција за евакуација на таква географска ширина, со толкав обем и сложеност.

„Ние ќе продолжиме да преземаме решителни акции за да ги информираме и заштитиме американските граѓани во странство, да ја заштитиме нашата татковина“, пишува во соопштението.

Според податоците од Универзитетот Џон Хопкинг, во САД од коронавирус се заразени повеќе од 51.500 лица а 674 лица починале.

Вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, минатиот декември, се прошири во најмалку 169 земји и региони низ светот, додека бројот на детектирани случаи на заразени со новиот тип коронавирус надмина 414.200. Од последици предизвикани од овој вирус починаа над 18.500, а речиси 107.000 се излечени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.