свет, Коронавирус

Опра Винфри донира 12 милиони долари за борба против коронавирусот

Винфри соопшти дека парите од сопствениот фонд за борба против коронавирусот ќе ги донира во Чикаго, Балтимор, Нешвил, Тенеси, Милвоки и Касиаскоу, град во Мисисипи каде што е родена

Islam Doğru  | 20.05.2020 - Обновена : 26.05.2020
Опра Винфри донира 12 милиони долари за борба против коронавирусот

ЊУЈОРК (АА) - Американската телевизиска водителка Опра Винфри објави дека ќе донира 12 милиони долари во неколку американски градови кои не се во можност да пружаат адекватни услуги во борбата против пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (AA).

Винфри соопшти дека парите од сопствениот фонд за борба против коронавирусот ќе ги донира во Чикаго, Балтимор, Нешвил, Тенеси, Милвоки и Касиаскоу, град во Мисисипи каде што е родена.

Изјави дека верува дека вирусот нема да исчезне во скоро време.

„Дури и ако вирусот исчезне, на луѓето кои моментално со месеци не можат да работат, ќе им биде потребна поддршка“, рече телевизиската водителка.

Пет милиони долари ќе донира во старечки дом во Чикаго, два милиони на организација која во Нешвил дели храна за 10.000 луѓе, а остатокот на невладини организации кои им помагаат на оние кои не добиваат доволно услуги во одредени градови.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.