свет, Коронавирус

Од Ковид-19 во Индија починаа уште 1.174 лица, во Бразил 829, а во Мексико 201

Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 1.174 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 84.372

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 18.09.2020 - Обновена : 18.09.2020
Од Ковид-19 во Индија починаа уште 1.174 лица, во Бразил 829, а во Мексико 201

АНКАРА (АА) - Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Индија починаа 1.174 лицa, во Бразил 829, а во Мексико 201, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 1.174 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 84.372.

Покрај тоа, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 96.424 случаи со овој вирус.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 5.214.677.

Досега во земјата од Ковид-19 оздравеа 4.112.551 лице.

- Бразил

Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, заедно со починатите 829 лицa, вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 134.935 лицa.

Во земјата се откриени 36.303 новозаразени, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи со коронавирусот порасна на 4.455.386.

Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 3.753.312.

- Мексико

Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 201 лице.

Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број смртни случаи во земјата се зголеми на 72.179.

Во Мексико се откриени 3.182 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во земјата се искачи на 684.113.

Досега во земјата оздравеа 488.416 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın