свет, Коронавирус

Израел со игнорантски однос кон вакцинацијата на Западниот Брег каде епидемијата се шири во опасни размери

Според палестински извори, стапката на зафатеност на болниците на Западниот Брег достигна 95 проценти поради големиот пораст на лица заразени со Ковид-19.

Esat Fırat,Mustafa Deveci   | 05.03.2021
Израел со игнорантски однос кон вакцинацијата на Западниот Брег каде епидемијата се шири во опасни размери Фото: Мустафа Алкхаруф / AA

РАМАЛАХ (АА)

- Мустафа ДЕВЕЏИ / Есат ФИРАТ 


Израел, кој дели пици и десерти како што е ќунефе за да ги охрабри своите граѓани да се вакцинираат против Ковид-19, не сака да им обезбеди вакцина на Палестинците во окупираниот Западен Брег и Појасот Газа.

Израел е земја со најголем број вакцинирани луѓе во светот во споредба со населението. Од друга страна, скоро сите Палестинци кои живеат на окупираниот Западниот Брег и Појасот Газа, сѐ уште не стигнале до вакцината.

Меѓународната заедница наведува дека Израел е должен да им обезбеди вакцина на сите Палестинци кои се под окупација врз основа на Четвртата Женевска конвенција.

Администрацијата на Тел Авив, пак, тврди дека обезбедувањето вакцина е одговорност на палестинската администрација.

Израел вети 5.000 дози вакцина за вакцинирање на здравствените работници на Западниот Брег, а досега до палестинската администрација достави 2.000.

Десет илјади дози вакцина „Спутник ве“, кои палестинската администрација ги доби од Русија, се доставени на Западниот Брег на 4 февруари.

Покрај недостигот на вакцина, случаите на Ковид-19 на Западниот Брег продолжуваат да се зголемуваат поради ширењето на мутираниот вирус што потекнува од Велика Британија и Јужна Африка.

Според податоците на палестинското Министерство за здравство, повеќе од 2.000 случаи со Ковид-19 се откривани на дневно ниво во последните три дена на Западниот Брег и во окупираниот источен Ерусалим со околу 3,1 милион жители.


- Стапката на зафатеност на болниците се зголеми на 95 проценти

Според палестински извори, стапката на зафатеност на болниците на Западниот Брег достигна 95 проценти поради големиот пораст на Ковид-19.

Експертите истакнуваат загриженост дека здравствениот систем на Западниот Брег може да пропадне доколку случаите со Ковид-19 продолжуваат да се зголемуваат.

Големиот број луѓе во тест-центарот „Ковид-19“ во Рамала, Западен Брег, покажува колку епидемијата е сериозна.

Д-р Абдулбасит Зејнедин, кој работи во центарот за тестирање, во изјавата за дописникот на АА рече дека епидемијата се шири многу побрзо отколку порано и дека бројот на случаи рапидно се зголемува.

Меѓу другото, д-р Зејнедин истакна дека главните причини за зголемувањето на случаите со Ковид-19 на Западниот Брег се мутираниот вирус со потекло од Велика Британија и Јужна Африка и непочитувањето на мерките против ширењето на епидемијата.

Посочувајќи дека претходните денови дневно прават по 1.000 тестирања, Зејнедин рече: „Палестинската администрација досега покажа успешна борба против вирусот, но доколку ова продолжи, не мислам дека епидемијата ќе остане под контрола. За Палестина ѕвонат опасни ѕвона.“


- „Израел е одговорен за снабдувањето со вакцина за Палестина“ 

Осврнувајќи се на недостигот на вакцини во Палестина, Зејнедин рече: „Израел е окупаторска држава. Одговорна е за запирање на оваа епидемија во Палестина и за снабдувањето со вакцина. Постои целосна небрежност во овој контекст и Израел продолжува со оваа небрежност. Треба да ѝ обезбеди вакцина на Палестина. Според меѓународното право, окупаторската држава има таква одговорност.“

Жител на Рамала, Ихаб Фукаха, во изјавата за АА, по направениот тест за Ковид-19 истакна дека епидемијата се шири брзо во регионот и дека ситуацијата е многу сериозна.

Реагирајќи на тоа што Израел ги игнорира Палестинците, а од друга страна ги вакцинира сопствените граѓани, Фукаха рече:

„Започна вакцинацијата на израелските граѓани, зошто ние не се вакцинираме? Европа, САД ги вакцинираат своите граѓани. Ние сакаме да ја набавиме вакцината за да се заштитиме себеси и нашите деца. Израел е должен да му обезбеди вакцина на овој народ, бидејќи станува збор за окупаторска држава.“


- „Одложувањето на вакцинацијата доведува до зголемено губење на живот“ 

Директорот за здравствени работи на Рамала, доктор Мехди Рашит, изјави дека брзото ширење на епидемијата сериозно ги загрижува Палестинците на Западниот Брег.

Меѓу другото, Рашит наведе дека дури и оние жители на Западниот Брег кои порано не сакале да се вакцинираат, поради наглиот пораст на епидемијата сега сакаат да бидат вакцинирани што е можно поскоро.

„Постои огромна разлика помеѓу бројот на населението и бројот на досега стигнатите дози вакцина. Многу малку дози вакцина стигнаа до Палестина. Затоа, доцнењето на вакцината предизвикува и зголемување на загубата на животи и финансиска штета“, рече Мехди Рашит.

Нагласувајќи дека вакцината против Ковид-19 треба да пристигне во Палестина што е можно поскоро за да се спречи понатамошно ширење на епидемијата, Рашит додаде:

„Пред околу три-четири недели зборувавме за стотици случаи дневно. Денес, според податоците на нашето Министерство за здравство, зборуваме за 2.000 случаи дневно. Одложувањето на вакцината исто така ја влошува ситуацијата и предизвикува вирусот да излезе од контрола. Колку побрзо ќе се обезбеди вакцината, толку побрзо ќе го намалиме ширењето на вирусот.“

Не е познато дали администрацијата на Тел Авив ќе преземе чекори за вакцинирање на Палестинците на Западниот Брег и Појасот Газа по изборите што ќе се одржат во Израел на 23 март. Но, се наведува дека Западниот Брег и Појасот Газа ги чекаат тешки денови, особено ако епидемијата продолжи со ова темпо.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın