наука и технологија, Коронавирус

Една доза од вакцината на „Фајзер“ и „АстраЗенека“ го намалува пренесувањето на коронавирусот за 50 отсто

Истражувањето спроведено од страна на Агенцијата за јавно здравје на Велика Британија (PHE) покажува дека пренесувањето на заразата три недели по вакцинирањето е помало за 38 до 49 проценти во однос со невакцинираните лица

Şeyma Uzundere  | 28.04.2021 - Обновена : 29.04.2021
Една доза од вакцината на „Фајзер“ и „АстраЗенека“ го намалува пренесувањето на коронавирусот за 50 отсто

ЛОНДОН (АА) - Истражување на британските научници покажа дека вакцините против коронавирусот развиени од фармацевтските компании „Фајзер“ и „АстраЗенека“, со една доза, го намалуваат пренесувањето на заразата за околу 50 отсто, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Истражувањето спроведено од страна на Агенцијата за јавно здравје на Велика Британија (PHE) покажува дека пренесувањето на заразата три недели по вакцинирањето е помало за 38 до 49 проценти во однос со невакцинираните лица.

Во истражувањето учествувале околу 57.000 вакцинирани лица од 24.000 домаќинства, кои биле во контакт со околу еден милион невакцинирани лица.

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, изјави дека истражувањето обезбедило најопсежни податоци за ефикасноста на вакцините во спречување на ширењето на коронавирусот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.