свет, Коронавирус

Германија: Во последните 24 часа откриени 6.638 случаи со Ковид-19

Во последните 24 часа во земјата откриени се уште 6.638 случаи со овој вирус. Со ова, вкупниот број на откриени случаи со Ковид-19 во Германија се зголеми на 341.223

Cüneyt Karadağ  | 15.10.2020 - Обновена : 15.10.2020
Германија: Во последните 24 часа откриени 6.638 случаи со Ковид-19

БЕРЛИН

Во Германија, во последните 24 часа откриени се уште 6.638 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Институтот „Роберт Кох“, кој врши истражувања во областа на заразните болести во Германија и во оваа насока ја информира Владата.

Во соопштението се наведува дека во последните 24 часа во земјата откриени се уште 6.638 случаи со овој вирус.

Со ова, вкупниот број на откриени случаи со Ковид-19 во Германија се зголеми на 341.223.

Исто така, во последните 24 часа починаа уште 33 лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во Германија порасна на 9.710.

Во Германија досега оздравеа 284.600 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın