Во Јапонија поддршка за 9 проекти за вакцина против Ковид-19
Владата ќе обезбеди вкупно 66,9 милиони долари за поддршка на 4 компании, 4 универзитети и еден истражувачки институт, кои ќе работат на производството на вакцини

ТОКИО (АА) - Во Јапонија, Владата соопшти дека ќе поддржи 9 различни национални проекти во вредност од 66,9 милиони долари за производство на вакцина за новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информацијата на националната телевизија NHK, избрани се проекти на јапонската Агенција за медицински истражувања и развој (AMED), што ќе бидат поддржани.
Владата ќе обезбеди вкупно 66,9 милиони долари за поддршка на 4 компании, 4 универзитети и еден истражувачки институт, кои ќе работат на производството на вакцини.
Поддршката ќе се обезбеди од дополнителниот финансиски буџет за оваа година и ќе варира во зависност од обемот на проектот, а ќе се користи во основните фази на истражување и клиничко тестирање.
Од друга страна, јапонското Министерството за здравство објави дека проектот за вакцинирање во соработка со Универзитетот „Осака“ и компанијата „АнГес биофармација“ тест-фазата ќе ја помине во јули.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.