Во САД првите вакцини против Ковид-19 ќе бидат дистрибуирани до здравствените работници и домовите за стари лица
Приближниот број на двете групи во САД е околу 24 милиони, а во земјата со 330 милиони жители вакцината до сите ќе биде доставена до пролетните месеци

ЊУЈОРК (АА) – Во Соединетите Американски Држави (САД) вакцината развиена против новиот вид коронавирус (Ковид-19) најпрвин ќе биде дистрибуирана до здравствените работници и домовите за стари лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Советодавниот комитет за имуни практики на Владата, кој има активна улога во процесите на истражување на вакцини во САД, на состанокот што го одржа во Њујорк ја соопшти очекуваната одлука.
Соодветно на тоа, во САД одлучено е вакцината најпрво да се дистрибуира до здравствените работници и домовите за стари лица. Се наведува дека Комитетот во наредните денови ќе се состане повторно и ќе одлучи кој ќе се наоѓа во втората приоритетна група.
Исто така се нагласува дека приближниот број на двете групи во САД е околу 24 милиони и дека во земјата со 330 милиони жители вакцината до сите ќе биде доставена до пролетните месеци.
На состанокот на Администрацијата за храна и лекови (FDA) на САД што ќе се одржи на 10 декември, се очекува одобрение за итна употреба да добие вакцината на американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и германската биотехнолошка компанија „БајоНТек“, чиј партнер и основач е турскиот научник проф. д-р Угур Шахин.
Од друга страна, американската биотехнолошка компанија „Модерна“, исто така аплицира до Администрацијата за храна и лекови (FDA) за да добие одобрение за итна употреба на вакцината против Ковид-19 што ја разви.
САД сѐ уште се најпогодена земја од епидемијата на Ковид-19. Во земјата забележани се над 14 милиони случаи и повеќе од 276 илјади смртни случаи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.