свет, Коронавирус

Во САД од вирусот Ковид-19 починаа уште 920 лица

Бројот на смртни случаи во САД од новиот вид коронавирус во последните 24 часа е зголемен за 920, со што вкупната бројка се искачи на 4.090 лица

Islam Doğru  | 01.04.2020 - Обновена : 03.04.2020
Во САД од вирусот Ковид-19 починаа уште 920 лица

ЊУЈОРК (АА) - Бројот на починати во Соединетите Американски Држави (САД) од новиот вид коронавирус, Ковид-19, во последните 24 часа е зголемен за 920, со што вкупната бројка се искачи на 4.090 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во САД, кои се наоѓаат на првото место во светот со бројката на заразени од Ковид-19, од ден на ден се зголемува бројот на инфицирани и бројот на смртни случаи.

Според најновите податоци споделени од страна на Универзитетот „Џон Хопкинс“, бројот на заразени со вирусот се зголемил за 25.023 во последните 24 часа, со што вкупната бројка е зголемена на 189.633, додека бројот на смртни случаи се зголемил за 920 и изнесува 4.090.

На второ место во светот по бројот на заразени е Италија каде што бројката на заразени е 105.792 лица, а по неа следува Шпанија со 102.136 инфицирани со коронавирусот.

- Центарот на епидемијата во САД е Њујорк -

Кога ќе се погледне низ целата земја, епидемијата е најмногу раширена во државата Њујорк и соседната држава Њу Џерси.

Бројот на случаи со Ковид-19 во Њујорк достигна до 76.049, со зголемување од 8.665 во однос на вчерашниот ден, а по него следуваат Њу Џерси со 18.997 заразени и Калифорнија со 8.558 случаи.

Во однос на смртните случаи, Њујорк се наоѓа на првото место со 1.714 смртни случаи, по кој следува Њу Џерси, со 267 и Мичиген, со 259 заразени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın