свет, Коронавирус

Во САД за еден ден регистрирани над 43.000 заразени со Ковид-19

Во изминатите 24 часа починаа уште 444 лица, со што вкупниот број на починати достигна 209.896

Mücahit Oktay  | 29.09.2020 - Обновена : 30.09.2020
Во САД за еден ден регистрирани над 43.000 заразени со Ковид-19

ЊУЈОРК (АА) - Во последните 24 часа во Соединетите Американски Држави (САД) од последици предизвикани од вирусот Ковид-19 починаа 444 лица, или вкупно досега 209.896 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).

САД и понатаму се земја со најголем број заразени и смртни случаи од Ковид-19 во светот.

Податоците од веб-страницата „Worldometer“ покажуваат дека во последните 24 часа во земјата заразени се 43.181 лице, односно вкупно досега 7.364.646 лица.

Починаа уште 444 лица, со што вкупниот број на починати достигна 209.896.

Од вирусот се излекуваа над 4,61 милиони луѓе, додека за присуство на вирусот направени се над 105,4 милиони тестирања.

Со 813.257 заразени, американската држава Калифорнија е најпогодена сојузна држава, а следат Тексас, Флорида и Њујорк.

По САД, според бројот на заразени следат Индија (со над 6,15 милиони случаи) и Бразил (над 4,74 милиони).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın